Приведено лице кај кого полицијата нашла кокаин и хероин

by fokus

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога на 28.10.2020 околу 15.30 часот на ул. Цветан Димов во Скопје го приведоа Е.О.В. (35) со шпанска лична карта, кај кого бил пронајден кокаин и хероин, соопшти МВР.

Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а запленето е и возилото „мерцедес“ што тој го управувал.

Поврзани новости