Приведено 23 годишно лице кое го извршило грозоморното убиство во Прилеп

by Fokus

Сторителот на страшното убиство кое во вчеравечер се случи во Прилеп е приведен, пренесува ТВ 21.

Според информациите, станува збор за лице кое е родено во 1995 година.

Вчера, околу16:30 часот во полиција било пријавено дека во село Беловодица на патот гори непознато лице.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело, информираат од МВР.

Утврден е идентитетот на лицето. Станува збор за 36-годишниот А. Б. од Битола, кај кого биле забележани четири прострелни рани во телото.

Поврзани новости