Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој од вчера е во притвор, апелираше до турскиот правосуден систем да „реагира“ и „да не молчи“ на прогонот на неистомислениците на властите.
Апелирам до членовите на судството, мора да дејствувате и да се грижите за грстот колеги кои го валкаат нашиот правосуден систем“, напиша Имамоглу во пораката што ја објавија неговите адвокати на социјалната мрежа Х.
На претставниците на турското правосудство им порача дека „не можат и не смеат да молчат“.
Турската полиција уапси 37 лица поради објавување „провокативна“ содржина на социјалните мрежи.
Со ова продолжува прогонот на неистомислениците што ескалира со апсењето на градоначалникот на Истанбул, ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Имамоглу беше уапсен вчера како дел од истрагата за наводна поврзаност со корупција и тероризам. Приведени се уште неколку истакнати личности.
Апсењето на Имамоглу ја продлабочи загриженоста за состојбата на демократијата и демонстрациите во Истанбул, и покрај четиридневната забрана за протести во градот и затворањето на патиштата.