Приведениот Арачиновец е на распит во полициската станица Беко

by Fokus

Педесет и седумгодишниот И.И. од скопско Арачиново денеска е уапсен пред Врховниот суд за време на изрекувањето на пресудите за обвинетите во случајот „Дива населба“ во скопскиот Кривичен суд, потврдија од МВР.

Тој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозивна направа.

Од МВР за „Фокус“ потврдуваат дека полицијата привела едно сомнително лице, кое е одведено на распит во полициската станица „Беко“, а прачките ќе бидат предадени на вештачење за да се утврди за што точно се работи.

Поврзани новости