Приведени три жени осомничени за посредување во проституција и трговија со луѓе

by Fokus 13:09
13:09

Две државјанки на Србија и една од Македонија синоќа биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гостивар под сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија и посредувале во проституција и  трговија со луѓе.

Тие биле затекнати во угостителски објект на ул. „ЈНА“ во Гостивар, сопственост на Е.А. од село Лакавица.

- Advertisements -

Акциската контрола полицијата од Гостивар ја извршила еден час пред полноќ. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР. 

Поврзани новости