Приведени три лица за трговија со дрога

by Fokus

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи спровелe акција за откривање на организирана група што тргува со дрога.

– Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица. Во тек е целосното документирање на случајот по што јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија – информираат од ОЈО.

Утринава, провладините медиуми објавија дека Сеад Рахиќ, братот на поранешниот  пратеник во Собранието од СДСМ, Есад Рахиќ е уапсен во рација на полицијата заедно со уште две лица, под сомнение дека организирал криминална група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници.

Поврзани новости