Приведени скопјани откако биле фатени со марихуана

by Fokus

На крстосницата село Петровец – село Долно Коњари синоќа во 20:40 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје од слобода се лишени М.Д.(33) и Д.М.М.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед кај нив е пронајдена марихуана.

По преземени мерки и согласно наредба од Основен кривичен суд Скопје, соопштија денеска од МВР, извршен е претрес во домот на Д.М.М. при што е пронајдена и одземена марихуана.

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Поврзани новости