Приведени осум дилери од Кавадарци, пронајден кокаин, хашиш и марихуана

by fokus

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, денеска (29.10.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, ОВР Кавадарци и ОВР Неготино приведоа осуммина дилери и запленија хашиш, хероин, амфетамин…

На 29.10.2020 околу 13:40 часот извршен е претрес на дом и други простории кај лицето Ж.С. (31) во Кавадарци . При претресот  покрај Ж.С. биле затекнати А.П. (32) и Е.Д. (38) при користење амфетамин, а биле пронајдени хашиш, амфетамин, шприц со канабисово масло и една воздушна пушка.

Во 13.30 часот во Кавадарци при купопродажба на хероин затекнати и приведени се А.С. и К.Н. кој го купиле во близина на домот на П. М.. Потоа е извршен претрес во дом на П. М. и при претресот пронајден е хероин, пари, дигитална вага и мелница со остатоци од кафена прашкаста материја.

Извршен е претрес кај В.М. (28) во Кавадарци, при што се пронајдени хашиш и марихуана. Исто така, извршен е претрес во домот на Б. Ј. (37) во Кавадарци, каде е пронајден кокаин.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости