Приведени две лица поради тешки дела против општата сигурност

by fokus

Две лица од Скопје се приведени поради тешки дела против општата сигурност, соопшти МВР.

Единица за насилен криминал при СВР Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде лицата П.П.(21) и С.М.(19), двајцата од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела.

Првопријавениот сторил  кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а второпријавениот сторил кривично дело „помагање“.

П.П. на 26 ноември околу 2:50 часот во угостителски објект лоциран на улица „Дане Крапчев“ во Скопје сопственост на С.Б. го отстранил прозорското стакло од влезната врата на ресторанот и со запалива течност го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата по што предизвикал пожар во објектот.

По пријавување на настанот, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот. На 11 декември по добиена усна наредба за вршење претрес во дом и други простории издадена од судија на претходна постапка, извршени се претреси во домовите на пријавените лица.

Двете пријавени лица се лишени од слобода, извршен  е разговор со нив, при што второпријавениот во целост го појаснил текот и извршувањето на кривичното дело.

Поврзани новости