Приведени двајца дебарчани за семејно насилство врз сопруга и ќерка

by Fokus

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи приведоа жител од село Косоврасти поради физички напад врз неговата сопруга.

Во ОВР Дебар, приведен е Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти. Тој, на 08 и 09 август 2022 година, во семејниот дом, бил агресивен и физички ја нападнал неговата сопруга. Во нивниот семеен дом, увид извршија полициски екипи, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид. Според него,  по целосно документирање на настанот, против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава. Ова е втор случај на пријава на семејно насилство во последните два дена.

Претходно полициски службеници го  приведоа С.Б.(67) жител на Дебар кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка.

Поврзани новости