Приведени девет лица во угостителски објект во Боговиње

by Fokus

Вкупно девет лица, четири албански и пет македонски државјани, се затекнати и приведени од полицијата во акциската контрола што изминатата ноќ, половина час по полноќ е спроведена во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека во објектот имало три албански државјанки на возразст од 26 до 41 година кои биле вработени како пејачки и танчерки, како и еден маж од Албанија.

Во полиција биле приведени и сопственикот на објектот Н.Ш.(33) од Боговиње како и четирите македонски државјанки кои, исто така, биле ангажирани како пејачки, танчарки и забавувачки на гостите.

Поврзани новости