Приведен жител на Шемшово за поседување на марихуана

by fokus

Вчера околу 12.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово во Тетово го лишиле од слобода А.А. (32) од с. Шемшово.

При преглед, во џебот од тренерките му пронашле најлонско ќесе со марихуана, а во непосредна близина биле пронајдени уште две поголеми пакувања со марихуана. Пронајдената марихуана била одземена и предадена за вештачење. По целосно расчистување на настанот, против А.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости