Приведен возачот кој со камион пропадна на плоштад Македонија

by Fokus

Возачот на камионот кој претпладнево пропадна на плоштадот Македонија денеска е приведен и изведен е пред суд, информираа од Град Скопје.

Како што истакнаа оттаму, тој нема дозвола за движење на плоштадот, иако имал поднесено такво барање.

„Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава“, велат од Град Скопје.

Поврзани новости