Приведен сторител на тешка кражба во црква во Говрлево

by Фокус 20:43
20:43

Полициски службеници приведоа лице осомничено за тешка кражба во црквата „Св. Кузман и Дамјан” во атарот на село Говрлево.

Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека на 20 декември 2020 извршил тешка кражба, односно со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата „Св. Кузман и Дамјан” во атарот на село Говрлево во Општина Сопиште, и одзел пари.

- Advertisements -

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Поврзани новости