Приведен скопјанец баран со потерница за доиздржување казна затвор

by Fokus

Полициски службеници синоќа привеле скопјанец баран со централна потерница за доиздржување казна затвор.

– На ул.„Скупи“ во Скопје синоќа во 20:20 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Ч.(31) и И.Г.(31), двајцата од Скопје. При преглед во патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ч., а сопатник бил И.Г. и при нивен личен преглед кај Ф.Ч. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Исто така, И.Г. се барал по централна потерница за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека лицата биле приведени во полициска станица и најавуваат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а И.Г. ќе биде спроведен во затворот за доиздржување на казната.

Поврзани новости