Приведен раководителот на урбанизам на Маврово Ростуше, барал мито од 13.000 евра

by Fokus

На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски.

Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети.

Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени“, информираат од МВР.

Поврзани новости