Приведен познат српски учител по глума откако актерка го обвини дека ја силувал кога била малолетна

by fokus

Познатиот сопственик на училиште за глума во Србија, Мирослав Мика Алексиќ синоќа е приведен во полициска станица, откако неколку девојки го пријавија за силување и сексуално вознемирување.

Познатата српска актерка, Милена Радуловиќ во исповед за српски „Блиц“ открила дека Алексиќ ја силувал неколку пати додека била малолетна.

-Имав 17 години. Тоа не се случило еднаш. Се повторуваше, изјавила Радуловиќ. Младата актерка тврди дека станува зборува за систем на злоставување на девојчиња, којшто Алексиќ темелно го градел со децении.

Таа се надева дека и други јавни личности ќе се огласат после нејзината приказна и дека нема чувствуваат страв од осуда или влијание на нивната репутација.

Дека силувањата се чести во филмската индустрија стана јасно откако беше приведен еден од најголемите филмски моќници во светот, Харви Вајнстин. Кога прозборе првата жртва, актерките ширум светот почнаа да „излегуваат“ во јавноста, па филмскиот продуцент моментално ја одлежува затворската казна.

Алексиќ е филмски режисер, продуцент, актер и познат учител за глума, а во неговото училиште поминале повеќе од 3.000 млади актерски таленти. Меѓу нив се актерите, Никола Којо, Никола Ѓуричко, Мирјана Јаковиќ Вук, Костиќ и други.

Тој има работено со најголеми српски актерски имиња во Драмската група на Радио Белград каде работел претходно, а подоцна формирал свое училиште за глума со својата сопруга, актерка и професорка Билјана Машиќ.

Поврзани новости