Приведен поранешниот директор на Државни патишта, Ејуп Рустеми и уште три лица

by Fokus

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на Државни патишта Ејуп Рустеми, двајца вработени во оваа компанија и сопственик на агенција за обезбедување.

Според информациите, приведени се и Дрилон Зибери – раководител на одделение за наплата на патарини и контрола, Ејуп Љатифи – помошник директор за оддржување на патишта и Џемал Билбиловски сопственик на агенција за обезбедување.

Во текот на неделата, се очекува приведување на уште најмалку 15 други лица. Се работи за поранешни и сегашни службеници и раководители во повеќе институции како ЈПДП, Македонија пат, Пазарна инспекција, како и во секторот рударство.

Поврзани новости