Приведен па ослободен насилник кој признал дека го нападнал Заев

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи денсека информираа дека во текот на вчерашниот ден привеле 37-годишен скопјанец кој е осомничен дека на крвавиот четврток во Собранието го нападнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“ на информативен разговор било повикано лицето И.К. (37) од Скопје. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле разговор со лицето, во кој истиот ги појаснил преземените дејствија. Имено, откако И.К. влегол во салата каде се одржувала прес конференција, со употреба на физичка сила го нападнал пратеникот З.З., а воедно фрлил стол кон вработени од обезбедувањето, велат од МВР.

Од МВР додаваат дека по извршениот разговор го ослободиле осомничениот насилник, но додаваат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани новости