Приведен насилник од Прилеп кој се барал по потерница

by Fokus

Полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка- Оддел за потраги и ПС Прилеп денеска во 17:30 часот во населбата Варош во Прилеп го приведоа А.Т. (25) кој се барал по потерница од Основен суд Прилеп за издржување две казни затвор од 11 месеци и 9 месеци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречените казни се во врска чл.386 (насилство) и чл.383 (напад на овластено службено лице) од Кривичниот законик на РСМ. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.

Поврзани новости