Приведен криминалец од Драчево баран со потерница

by Fokus

Полициски службеници од единицата за внатрешни работи – одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево вчера го лишиле од слобода Ј.Б.(32) од населбата Драчево, врз основа на судска наредба, за издржување казна затвор од една година, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За Ј.Б., како што се посочува, била распишана потерница за сторено кривично дело соучесништво во тешка кражба, предвидено и казниво по член 236, став 1, точка 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во казнено-поправна установа, информираат од МВР.

Поврзани новости