Приведен дилер на дрога од Гевгелија

by Fokus

Полициски службеници вчера привеле лице од Гевгелија, откако при прeтрес во неговиот дом се пронајдени и одземени одредена количина дрога и оружје, соопшти МВР.

-Од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија лишен од слобода е Ј.Н. (44) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР.

По претходно обезбедена судска наредба, извршен бил претрес во дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија. Биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и засадени растенија канабис сатива.

Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости