Приведен арачиновец, превезувал мигранти од Бангладеш

by Fokus

Полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(30) од с.Арачиново, Скопско, кај кого при извршена контрола во патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени четири мигранти од Бангладеш.

Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера во 15.00 часот на патот Куманово – Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости