Приведен албански државјанин за нелегален премин на државната граница

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден приведено е едно лице од Република Албанија поради нелегален премин на државната граница.

– Вчера во 10:00 часот во Охрид од полициски службеници бил лишен од слобода Е.Д.(40) од Р.Албанија, поради нелегален премин на државната граница. По извршените проверки било утврдено дека има и активна забрана за влез во Р.С.Македонија, соопшти денеска МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.

Поврзани новости