Приведен 26-годишен маж затоа што со нож го нападнал татко му

by Fokus 12:46
12:46

Дваесет и шест годишник бил приведен во полицијата откако неговиот татко го пријавил дека го нападнал. Според пријавата на 47-годишниот татко, синот при нападот користел и остар предмет.

– Ноќеска околу 1 часот и 25 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец К.В., кој претходно физички го нападнал неговиот 47-годишен татко Л.В. Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет. К.В. задржан е во Полициската станица Тетово. Се расчистува и документира случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан  Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

- Advertisements -

Во 2020 година СВР Тетово бележи 74 кривични дела кои се однесувале на семејно насилство, при што најбројни се  оние со употреба на физичка сила и нанесување на телесни повреди како и загрозување на сигурноста.

Поврзани новости