Приведен 22-годишен препродавач на дрога во Тетово

by fokus

Полицијата го приведе 22-годишниот Б.М. од Тетово по претрес во неговиот дом каде било пронајдено еден килограм марихуана. Б.М. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претресот бил извршен вчера на ул. „Ленин“ во Тетово, во периодот од 16.00 до 18.00 часот, врз основа на судска наредба.

При претресот, на повеќе различни места и во различни пакувања, била пронајдена вкупно околу еден килограм наркотична дрога марихуана. Дрогата била пронајдена во 39 зипер кеси во црн несесер, во шест зипер кеси во метална кутија, во една црна кеса, во една најлонска бела кеса и во една торба во која имало две пластични кутии, две кеси, 13 зипер кеси, три врвови од тревкаста материја и осум тегли со различна големина.

Пронајдените предмети со дрогата биле одземени и дадени на вештачење.

Поврзани новости