Притворените Чавков, Тарчуловски, Мукоски се на списокот на делегати на ВМРО

by Фокус

Притворените пратеници за настаните во собрание на 27 април, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, се наоѓаат на листата на делегати кои на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 22 и 23 декември во Валандово ќе бираат нов партиски лидер.

Покрај нив, на листата на делегати се наоѓа и поранешниот министер за внатрешни работи во владата на ДПМНЕ, Митко Чавков, кој, исто така, е осомничен и притворен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

По барање на обвинителството, тие добија 30-дневен притвор, па неизвесно е дали ќе бидат во можност да учествуваат на претстојниот конгрес на опозициската партија.

Поврзани новости