Притвореникот во Шутка бил позитивен на корона вирус, починал од срцев удар

by Fokus 15:15
15:15

Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека притвореник во затворот Шутка починал, со што веднаш му бил направен тест, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Притвореник починал од срцев удар и е позитивен на корона вирус. Се прават анкети на сите во негова близина – тврди Филипче.

- Advertisements -

Тој рече дека кога бил примен во затворот на 8 март, притвореникот немал симптоми, но подоцна, откако починал, брисот се покажал позитивен на коронавирусот.

Во тек се епидемиолошки анкети на сите оние што биле во близок контакт со него и резултатите ќе бидат објавени по завршените анализи.

Во Домот за стари лица, исто така има позитивен случај на корона вирус, и земени се брисеви на сите, а инспекторатот ќе испитува како се одвила целата ситуација.

Поврзани новости