Притвореник за “Фокус” : Починатиот беше со уште двајца цимери во ќелија и се жалеше на болка

by fokus

Притвореникот, на возраст од 47 години од Ресен, кој вчера рано утрото почина во истражниот затвор Скопје, бил заразен од корона вирусот, соопшти денеска министерот Венко Филипче.

Во исчекување на детали од затворските власти, “Фокус” од притвореник дознава дека починатиот бил сместен со уште двајца цимери во ќелијата, а останува прашање со уште колкумина имал контакт.

Не е познато и дали притвореникот кој во затворот влегол на 8 март веќе бил заразен, или вирусот го добил од зад решетки.

Според затворските власти притвореникот немал симптоми и не барал лекарска помош, но според нашите соговорници од затворот, кои исто така се во притвор, приказната е поинаква, односно сега починатиот се жалел и барал лекарска помош.

Повеќе детали за овој случај можете да прочитате во најновиот број на неделникот “Фокус”.

Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ, вели дека извештајот од затворот ќе го добие утре, но потенцира дека од 10 март во затворот биле превземени сите мерки за заштита на притворениците и осудениците, по препораки добиени од Владата.

-Се забранија посетите и се превземаа сите заштитни мерки, вели Стојановиќ.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости