Притворен е директорот на фудбалската репрезентација, Данчо Масев, ФФМ го разрешила пред една недела

by Fokus

Фудбалската федерација на Македонија излезе со официјално соопштение во однос на Данчо Масев кој ја извршуваше функцијата директор на А-репрезентацијата откако во „Слободен печат“ се појави информација дека завршил во притвор во Шутка.

-Истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица.

Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи. Фудбалска федерација на Македонија нема да коментира повеќе за овој случај, -велат од ФФМ.

Според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Во јануари медиумите објавија дека поранешниот македонски репрезентативец Масев се враќа на позицијата која ја извршувал од јуни 2018 година до ланскиот септември.

Поврзани новости