Притвор за возачот што се обиде да побегне од полициска контрола во Гостивар

by Fokus

Судија на претходна постапка определил мерка притвор за возачот кој во саботата се обиде да и побегне од контрола на полицијата и физички нападна полицаец. Тој е пренесен во затворот Шутка.

Според СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на И.Б. (49) од гостиварското село Балиндол му определил мерка притвор од 8 дена. Тој е осомничен дека сторил кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од областа на безбедноста”. И.Б. претходно доби пријава по член 383 став 1 од Кривичниот законик, од СВР Тетово.

По носењето на решението од гостиварскиот суд И. Б. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот.

Осомничениот, на 24 април околу 17 часот и 10 минути, на улица „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија од областа на сообраќајот, по што И.Б.беше приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Поврзани новости