Притвор за Темелко, бидејќи не се јавувал еднаш неделно во Судот

by fokus

Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје го прифатил барањето на Специјалното обвинитество и му определи 30-дневен притвор на градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко.

Со ова, судот ја преиначил претходната мерка на претпазливост која му била определена, како што било јавување во суд еднаш неделно во определен термин, отко Темелко не ја почитувал наредбата и не се јавувал во судот, објави Сведок.

Едмонд Темелко е обвинет во случајот Титаник за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

И покрај судската одлука да не ја напушта Македонија, Едмонд Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација.

Поврзани новости