Притвор за ресенчанец бидејќи излажал за поставени бомби

by Fokus

Жител на Ресен доби кривична пријава затоа што во повеќе наврати излажал за поставени бомби на повеќе локации во Охрид.

„Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „загрозување на сигурноста“ и  „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од  селото Горно Крушје, ресенско. Пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор“, велат од ОЈО.

Поврзани новости