Притвор за разбојниците кои ограбуваа жени во Карпош- се заканувале со пиштол играчка

by fokus

Обвинителството побара притвор и куќен притвор за мажот и жената кои изминативе денови се закануваа и ограбуваа жени во скопската општина Карпош.

Обвинителството соопшти детали за заканите и кражбите, а првата се случила на 11 мај во влезна зграда на улицата „Радика“. Едниот осомничен со закани украл ранец во кој се наоѓале пари, картички, лични документи во вкупна вредност од 26.600 денари.

– Откако оштетената влегла во влезот на зградата, осомничениот ја следел и двајцата започнале да се движат нагоре по скалите. Во еден момент тој и се доближил и извадил пиштол-играчка, па побарал да му ги даде сите предмети кои оштетената ги имала со себе. Потоа побарал оштетената да му ги даде и клучевите од нејзиниот стан и автомобил, на што таа прво се спротивставила. Откако повторно и се заканил со пиштолот-играчка таа му ги дала клучевите и тој заминал во непознат правец, велат од Обвинителството.

Втората кражба се случила на 15 мај во влез на зграда на улицата “Варшавска”.

– Кога оштетената влегла во влезот од зградата забележала дека лифтот се сервисира. Во тој момент во влезот влегле осомничените, при што второосомничената и понудила на оштетената првоосомничениот да и помогне и да и ја качи количката до катот каде што живее. Оштетената ја прифатила понудата и се качиле на третиот кат. Кога оштетената започнала да ја отклучува вратата од станот забележала дека и го нема мобилниот телефон кој се наоѓал во количката и веднаш се упатила кон осомничениот кој тргнал да си оди, барајќи да и го врати телефонот. Тој започнал да ја турка и да ја удира во ѕидовите од влезот, а во еден момент извадил пиштол-играчка и се заканил дека ќе ги убие и оштетената и нејзината малолетна ќерка која оштетената постојано ја држела во рацете, се наведува во соопштението.

Потоа тој побарал да ја отвори влезната врата од станот и да му ги даде сите предмети кои што се вредни, но оштетената се спротивставила и започнала да вика и тогаш излегле соседите од нејзиниот кат, па избегал.

Ограбувачите се на возраст од околу 40-тина години, а кражбите се пишуваше и на социјалните мрежи.

Двајца скопјани со пиштол ограбувале низ Карпош- полицијата ги уапси

Поврзани новости