Притвор за кичевец кај кого полицијата пронашла марихуана

by fokus

Основното јавно обвинителство од Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Гостиварскиот суд на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

При претрес во домот на осомничениот во Кичево, во подрумска просторија на улицата „Мехмед Мехмеди“, биле пронајдени 1.309,27 грама наркотична дрога – марихуана, завиткана во повеќе најлонски и мали зипер вреќички. Од осомничениот била одземена и дигитална вага, соопшти ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Поврзани новости