Притвор за четворица напаѓачи на Села, петтиот е во лоша здравствена состојба

by fokus 11:44
11:44

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка Притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

За петтото лице за кое обвинителството исто така предложи определување на мерка Притвор, поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи.

- Advertising -

Постапката што се води против овие лица се однесува на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.​​

 

Поврзани новости