Притвор од осум дена за уште еден насилник од Собранието

by fokus

Основниот суд Скопје 1 денеска определи притвор во траење од осум дена за уште едно лице поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава.

-Во Oсновниот суд Скопје 1 попладнево е спроведено уште едно лице кое е дел од предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје против 15 лица поврзани со инцидентот во Собранието на Република Македонија за кои судот по ценење на предлогот го прифати предлогот на обвинителството и му определи притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Поврзани новости