Притвор од 30 дена за осомничените за убиството на командант Шќипоња

by Фокус 11:07
11:07

Двајцата осомничени за убиството на Џемаил Реџепи -командат Шќипоња, добија мерка притвор во траење од 30 дена. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е извршено убиството.

Од Основното Јавно обвинителство информираат дека надлежен јавен обвинител извршил увид на лице место од престрелката, издал наредби за вршење обдукција како и за вештачење на оружјето и видео записите. Според напис во Утрински весник, убиството било снимено со дури 12 камери.

- Advertisements -

Пресметката во кумановската населба Бедиње според снименото го прикажала целиот тек на случувањата, од влегувањето на командант Шќипоња придружуван од уште две лица во локалот, до расправата со в.д претседателот на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани и убиството.

Пукано е и во другите двајца пријатели на командантот Шќипоња, по што пукачите побегнале, но набргу се уапсени.

Засега надлежните не излегуваат со повеќе информации за убиството.

ДУИ изрази жалење за крвавиот инцидент и побараа надлежните институции да го расветлат случајот.

Поврзани новости