Пристигна предлогот за разрешување на Зврлевски, Советот ќе одлучува во вторник

by fokus 14:12
14:12

Попладнево во Советот на јавни обвинители пристигнал предлогот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

„Предлогот го добивме и ќе го разгледаме. Веќе на 13 јуни (вторник во 11 часот) закажав и седница на која членовите ќе треба да се произнесат“, изјавил претседателот на Советот, Петар Аневски.

- Advertisements -

Пред предлогот да биде доставен во Собрание на гласање, Советот на јавни обвинители треба да даде мислење, дали се согласува или не се согласува, Зврлевски да биде разрешен.

Аневски вчера го изрази својот личен став и кажа дека според него, Зврлевски е перфектен обвинител и оти нема забелешки на неговата работа.

Новата Влада во понеделникот оваа недела донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

Поврзани новости