Присилна хоспитализација за Русинка која избегала од изолација поради корона вирусот

by fokus

Судот во Санкт Петербург денеска нареди присилна хоспитализација на руска државјанка која избегала од изолација.

На жената и била одредена изолација по престој во Кина во ек на епидемијата на корона вирусот.

Русинката Але Илине (33) била хоспитализирана на 4 февруари во Санкт Петербург откако се пожалила на болки во грлото по враќање од одмор во Кина.

По три дена изолација, жената ја разбила електронската брава на вратата од болничката соба во која престојувала по што деталите од бегството ги објавила на Инстаграм.

Управата на болницата поднесе тужба против пациентката, барајќи присилно да биде вратена во изолација.

Во Русија двајца заразени од новиот вирус минатата недела се пуштени од болница и од тогаш не се пријавени нови случаи. Еден од заразените е кинески државјанин.

Руските власти презедоа драстични мерки за превенција за да се спречи ширењето на вирусот од кој до денес починаа 1.765 лица

Поврзани новости