ПРИРАЧНИК ЗА СЛЕП НАРОД (Camasutra Maedonica)

by fokus

Пишува: Агим Јонуз

Како не разбира никој дека референдумот е веќе пројден! Ајде кажите ми кој има ‘‘ г‘с ‘‘ да заебе се она што очекуваат од нас странците. Остај ти бојкоти и мојко ти, опозицијата мора да го оправда своето постоење после единаесет годишната камасутра врз сопствениот народ кого го брани од ветерници. Се што се случува во опозицијата е трчање на кокошката еден круг повеќе околу ќумезот за да не мисли петелот дека кокошката е лесна. Дека ке оди пола ќумез курбан ке оди па што викаат црногорците с опроштење ‘‘ да јебе оца‘‘. Во моментов Македонија минува низ едно големо и невидливо мешање на карти кои во новата игра треба да имаат барем ‘‘два кеца у рука‘‘ за да го оправдаат комплетниот енергетски влог на меѓународната заедница. Најпаметен е Амди Бајрам кој си се смести уште сега во новата кочија која не вози а на која трубачите ја свираат одата на радоста. Кај типот нема многу калкулации бе! Проста математика, ‘‘ идемо даље за исте паре‘‘. Ороводците на патот кон светлата ни иднина му го голтнаа и прстот вперен ко чамугар пред невеста, и бесилките и се бе! Се! Кад је бал нек је трошак. Е сеа невестата се мажела малку трудна,.. јеби га попе! Све за љубав па макар и цената била голтање кнедли големи ко на Крале Марко ташаците.

Што се случува во Македонија реално? Се случува паника! Зошто? Онака, за да прашате. Проблемот е што сите на политичката сцена се свесни дека некој ке наебе ко жути ама кој уште се калкулира, така да се што гледате на политичката сцена функционира по една стара фраза која се употребуваше во бившата ЈНА ‘‘ сапун у руке и дупе уза зид‘‘. Док не проџе узбуна!

Денес еден тип на улица ми вика ‘‘ албанците ја унесуваат Македонија у НАТО И ЕУ‘‘, демек нивното гласачко тело е пресудно за успех на филмот. У некоја рака има право, зашто ако остане на македонците само, јебали смо јежа ако пропадне есапот а со оглед дека ВМРО не жали ни време, ни енергија, ни пари, ни бутур, а башка пандорината кутија наречена ‘‘ где су паре‘‘ допрва се отвара. По народот у чаршија се вреска дека додека не го видат Грујота кај Идриз Бег на гости, секој друг успех е неуспех. Тоа што го приметуваме во редовите на ВМРО е дека кампусот е во паника и дека се повеќе членови, групи и поединци се свесни дека се пее лебедовата песна и дека по успешниот референдум политичката сцена ке мора да има нов лик. И секој у себе си вика ‘‘ а бе нека се види дека ја не бев против‘‘ и дека и јас заслужив моето име да биде политички живо и по референдумот. Па, кој го е… и Грујо и Мицко и на вујна му! Циркус неверојатен за сите оние кои знаат да ја читаат политичката сцена како селски буквар. Ако некој се вреѓа кога се вели селски буквар, наједноставното прашање е дали е вистина дека 90% се од ‘‘ Свирипичино‘‘ вчера изгласани пред задруга на избирачко место за да по Скопје глуми елита која ‘‘ мисли на народот и неговата светла иднина‘‘!

Која црна елита бе алооо!! Македонија има елита?! Има,.. онакво! Има с‘ опроштење ‘‘Ташак со Грашак‘‘ кој државава ја зароби у скапи одела со свилена машна, ама со здив кој труе на кромид и пастрма. Штета што народот не оди од коктел на коктел за да види дека едни те исти ропаци ( добри 80% ) секоја трета вечер се собираат по ексклузивни салони и глумат некој и нешто додека душата им смрди на беда, на лицемерие, на ситно интересни кокетирања па макар партнерите се менувале како муштерии пред куќа на радодајка. Гнаса!

Кој ке ја води Македонија во иднина? Ние? Да, мало морген. Во моментот кога ке влеземе во високите структури се она што во Македонија треба да се реализира е во доменот на ‘‘може – не може‘‘ одозгора. Иначе, од кога ке бидеш примен во ЕУ ти или ке се согласуваш со сите или ако почнеш да дигаш уши се враќаш назад у историјата. А, Македонија се врати ли назад у историјата гори како шкорче кибрит. За оние што знаат да читаат меќу редови, ке признаат дека Македонија се враќа на моделот како што беше СФРЈ, со тоа што таа сега поинаку се вика и е поголема. Нема да смее да се накашла без амин на Европа. Е, тука се враќаме на темата одозгора.

Меѓународната заедница неколку пати изнесе ‘‘ мислење‘‘ дека на државата и треба широка коалиција која ке ја води државата во проглес и консолидирање на редовите. Токму поради свесноста дека какви и да има избори, кога и да се, владата ке мора да биде широка, за да може јабанџиите подобро да не држат под контрола, поготово кога ке ни дадат неколку финансиски инекции за да имаме подобра функционалност . Знаете каде е најголемиот зајеб? Ги боли онакво нив за нас,.. нив им треба функционалност и ред. Е, сега откога сите стануваат свесни дека ке мора да има широка коалиција која ке треба да биде функционална и домакинска, сите страни на политичката сцена се забрзаа да бидат ‘‘ потребни‘‘ и да бидат фактор на конструктивност и соработка.

Со влезот во НАТО границите стануваат гарантирани и безбедни, неменливи, што ја убива во поим конструкцијата за ‘‘ Голема Албанија‘‘. Национал романтизмот во политиката ке биде сведен на минимум, колку за да може да се оправда постоењето на мали партии и на ‘‘ реалната ‘‘ демократија и полека ама сигурно ке биде ‘‘ заспана‘‘ песна но не и угасена. Нема да биде угасена затоа што генетскиот код на балканецот е длабоко темелен на војни и крв, на јунаштини од карактер на Крале Марко и Муса Арбанаса, на традицијата која вели дека прави што ке правиш, ама еднаш дневно спомни го Гоце Делчев или Скендербег. Колку да се знае кај ни е коренот. А кој корен може да дефинира балканецот ако земе предвид дека толку се измешале војнички чизми по ова тло, да само будала може да тврди дека е ‘‘ чист‘‘ Македонец, Албанец, Србин и т.н.

Албанците допрва ке бидат во ‘‘ каша‘‘. Со имплементацијата на реалните средувања на односите во правосудството и доследноста на СЈО да оди до крај, не може да не биде чепнат ‘‘кад – тад‘‘ и албанскиот политички фактор во делот на учествотот во власта минатите единаесет години. Прашањет е дали ке одат јабана ‘‘ крупни риби‘‘ или само боранија. Мое лично мислење е дека кооперативноста на Али Ахмети и максималната конструктивност во реализацијата на проектот ‘‘ Македонија во НАТО‘‘ ке ја доведе албанската страна во ситуација да избере која ‘‘ боранија‘‘ ке оди апсаана, а која ке биде херој на времето, без разлика дали го јадел стапот или маста. Сите наат дека политиката е курва, ама не секој знае колкава курва е и што се може да направи. ДУИ ке мора да направи реформи, поготово по слабиот настап на минатите избори, одењето на маса албанци во СДСМ и ке моа да најде нова формула ако сака и понатаму да биде албанска партија број еден. И ке биде. Затоа што меќународната заедница премногу инвестираше во нив како во свои играчи на терен. ДПА, и сите останати помали партии ке мора да се освестат дека во Македонија повеќе од две албански партии воопшто не се потребни. Единствениот играч кој може да ги заебе сите есапи на албанската сцена е БЕСА. Но, под еден услов. Да биде онаа Беса која се појави како глас на народот, реална, еснафска, чесна, а не БЕСА која во иднина ке функционира како политичка партија на самозаљубени сезнајковци и типови кои сакаат да бидат по секоја цена ‘‘ политички некој и нешто‘‘. Јас лично верувам во Билал Касами, но неговиот успех ке зависи искључиво од изборот на квалитетни сопартијци ослободени од прангите на самозаљубеноста и суетите кои им галопираат пред секој политички чекор. Како и да е, со имплементација на европски стандарди, многу прашања отворени а врзани за албанците ке бидат сами по себе решени, а синтагмата ‘‘ граѓанин од втор ред‘‘ ке изгуби смисла. Се прашувам само што ли ке се случи со веќе непотребната маса ‘‘ албанци по професија‘‘. Па, веројатно истото што ке се случи и со ‘‘ македонците по професија‘‘!

АУТ!

А што правиме со ‘‘македонската‘‘ политичка сцена? Од трите подолгото! Зошто? Зошто еден мал народ никако да разбере дека ова му е клучната историска приказна во која еднаш за навек се запечатува дека постои, дека е тука, дека има јазик, дека е Македонец, а тој се однесува како да е ова ‘‘алваџиски тефтер‘‘ а не историски договор после кој тежината на гордоста наречена ‘‘ јас сум Македонец‘‘ добива дефинитивна запечатеност и постојаност.

Имаме напредок во државава?! Ма јок бре! Не да нема него има најголем хаос до сега отако постоиме. Што имаме?

Имаме лудачка среќа што му требаме на НАТО да си ги заокружи границите.

А ние ‘‘ се курчиме ли се курчиме‘‘!

Е ако де, нека ни е простено. Шта зна дете шта је триска кила! ( го знаете вицот)?

Не! Е, па шо ве вртам!

Лаку ноч европејци! Ама шизички звучи,а!?…

 

Поврзани новости