Принцот Хари: Јас сум резерва на Вилијам, ако биде потребно да донирам бубрег или коскена срцевина!

by Fokus

Принцот Хари во своите мемоари опиша како етикетите на „наследник“ и „резерва“ имале негативно влијание врз односот со неговиот брат Вилијам.

Хари појаснува дека постојано имал чувство дека „дошол на овој свет за секој случај, ако му се случи нешто на Вилијам“.

„Наследник и резерва. Немаше осуда за таа поделба, но немаше ни двосмисленост. Јас бев само сенка, поддршка, план Б. Бев тука за да дадам поддршка, да бидам дистракција, и ако е потребно – да донирам. Бубрег, можеби. Трансфузија на крв. Коскена срцевина. Сѐ тоа ми беше јасно уште од почетокот на животот“, пишува принцот.

Тој, во разговор за „Телеграф“, изјави дека е загрижен за децата на принцот Вилијам и принцезата Катерина и за тоа дека динамиката „престолонаследник-резерва“ ќе се рефлектира и врз нивниот однос во иднина.

Принцот Вилијам и принцезата Катерина имаат три деца – деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлота и четиригодишниот Луи.

„Иако јас и Вилијам разговаравме за тоа еднаш или двапати, и тој многу јасно ми кажа дека неговите деца не се моја одговорност, сепак чувствувам одговорност, знаејќи дека од тие три деца, барем едно ќе заврши како јас – резерва. И ме боли, ме загрижува“, изјави принцот Хари.

Поврзани новости