Принцезата Шарлот се расплака на погребот на Kралицата

by Fokus

Ќерката на принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (40), принцезата Шарлот (7), се расплака на погребот на својата прабаба кралицата Елизабета Втора.

Шарлот беше обземена од емоциите додека ковчегот на кралицата го преместуваа од кочијата во погребното возило. Мајката Кејт ја тешеше малата малата принцеза.

Принцезата Шарлот присуствуваше на погребот заедно со својот постар брат Џорџ (9). Најмладиот, принцот Луис (4) не се појави.

По пристигнувањето, семејството му се придружи на нивниот татко, принцот Вилијам, а децата до олтарот на Вестминстерската опатија одеа зад своите родители.

Тоа беше првпат јавноста да ја види кралската младина по смртта на кралицата на 8 септември. Во текот на кралската прошетка минатата недела, поранешната војвотка од Кембриџ рече дека Џорџ подобро ја сфатил смртта на својата прабаба.

 


На погребот пристигнаа и родителите на новата принцеза од Велс, Керол и Мајкл Мидлтон. Тие пристигнаа со организиран автобус до Вестминстерската опатија за погребот на кралицата Елизабета, како и повеќето гости.

Поврзани новости