Прилепскиот градоначалник ќе атакува и на втор мандат

by Fokus

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски во Утрински брифинг порача дека е задоволен од тоа што го сработил во изминатите четири години. Притоа, тој додаде дека ќе се бори да добие нов мандат за градот под Марковите кули.

„Задоволен сум од успешноста на реализацијата на проектите во Општина Прилеп и сметам дека во изминативе три ипол години направив многу за градот. Граѓаните секогаш имаат барања до градоначалникот и општинската администрација. Тоа е разбирливо. Некои бараат градинки, други бараат спортски сали, трети бараат патна инфраструктура. Се обидувам на сите да им излезам во пресрет. Со цел да ги довршам незавршените проекти, ќе ја побарам довербата од мојата матична партија, а потоа и од граѓаните, за втор градоначалнички мандат, вели Јованоски.

Поврзани новости