Прилепчани се жалат: Ни го крадат тутунот, полицијата е неажурна па поставуваме приватно обезбедување

by fokus 23:48
23:48

Жителите на прилепската населба Чачорица се жалат на како што велат неажурноста на полицијата. Како што пренесува „Инфокомпас“, три години со ред масовно се крадел тутун кој се суши на скелињата, а досега не бил решен ниту еден од овие случаи.

Последна кражба била извршена пред два дена, кога на прилепчанецот Томе Бубрегоски му биле украдени 155 низи со тутун.

- Advertisements -

„А од друга страна ние плаќаме и даноци и се на оваа држава, а не сме заштитени од тие кои треба да не заштитат, тоа во овој случај е полицијата. Кога тие би дошле тука и би направиле увид тоа би било друга работа. Ние имаме и осомничени лица кои ги посочивме кај полицијата и им рековме да извршат увид кај нив, тие ни рекоа дека тоа не одело толку лесно, незнам што. Јас се прашувам до кога ова ќе оди вака?“, вели Томе Бубрегоски, тутунар од Прилеп за „Инфокомпас“.

Според неофицијаните информации на „Инфокомпас“, оштетените започнале со изнајмување на приватно обезбедување кое ќе им го чува тутунот.

Поврзани новости