Прилепчанец се повредил обидувајќи се да го изгасне пожарот од својата плевна

by fokus

Прилепчанец се здобил со повреди откако вчера попладне се обидувал да го изгасне пожарот во неговата плевна.

„На 30.09.2019 околу 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во плевна, сопственост на Т.Д.(69) од с.Вашарејца, општина Могила. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При обид за гасење на пожарот, со повреди се здобил Т.Д. и бил пренесен во болницата во Битола. Увид бил извршен“, велат од МВР.

Поврзани новости