Прилепчанец го нападнал со нож фармацевтот откако одбил да му даде седативи

by fokus

52-годишниот прилепчанец Д.Б. од селото Ново Лагово заработи кривична пријава за „разбојништво“  и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи Д.Б. во аптека му со заканил со нож на фармацевтот откако овој одбил да му даде седативи. Вработениот во аптеката повикал полиција. По пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници по што бил приведен во полициската станица.

Поврзани новости