Прилеп ќе му подигне спомен плоча на Ненад Серафимоски, припадник на полициските сили кој го загуби животот во настаните поврзани со Диво Насеље. Спомен-плочата ќе биде во паркот кај Основниот суд, одлучија советниците на денешната 14. седница на Општинскиот совет.
– Иницијативата што ја прифатија прилепските советници е на барање на семејството на загинатиот припадник на полициските сили Ненад Сераимоски, кој извршувајќи ја сојата должност загина во настаните поврзани со Диво насеље, рече претседателот на Советот Миле Талески.
Прилепскиот совет ја донесе Програмата за енергетска ефикасност на објектите во општината за периодот од 2018 до 2020 година. Ќе се изготви акциски план со конкретни објекти кои ќе бидат вклучени во програмата. Првично ќе бидат опфатени сите објекти кои се во надлежност на локалната самоуправа и ова е прв од ваков вид проект на администрацијата.
– Ова е прв ваков проект што го изработи општинската администрација и е многу битен за заштита на животната средина и да се намалат средствата кои се трошат за електрична енергија, изјави Талески.