Пријавени се триесетина паднати дрвја, бандери и електрични кабли

by fokus

Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време, информираат од Град Скопје.

Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.

Кратка, но поројна бура со ветрови од над 80 км/ч претпладнево го зафати Скопје и предизвика бројни штети врз јавниот и приватниот имот и зеленило.

До Градот Скопје пријавени се 30-ина паднати дрвја врз улици и тротоари, бандери и електрични кабли, а некои од нив и причиниле и позначајна штета врз автомобили и друг приватен имот.

Град Скопје ги повикува граѓаните на трпение и на помош на јавните претпријатија за отстранување на проблемите во градот.

Поврзани новости