Пријателот на ВМРО-ДПМНЕ предлага бегалски кампови во Македонија

by fokus

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, предложи создавање центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН, пренесе ТАСС. Според Курц, може да бидат разместени во Грузија и на Балканот.

Ова Курц го изјави за германскиот весник „Билд“, во заедничкото интервју со претставникот на германската партија ЦДУ, Јенс Шпан.

-Потребни ни се центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН. Нема толку фундаментално значење каде тие конкретно ќе бидат распоредени. Важно е да ја обезбедуваат заштитата и луѓето  кои нелегално се обидуваат да влезат во Европа да можат да бидат пратени таму, рече Курц.

Поврзани новости